Milestone XProtect LPR

Систем за автоматско распознавање на регистарски таблици

Milestone XProtect LPR

Се чека испорака

Систем за автоматско распознавање на регистарски таблици

XProtect LPR е дополнителен софтверски модул за IP видео платформа Milestone XProtect, кој автоматски детектира, распознава и запишува во текстуален формат регистарски броеви на превозни средства кои поминуваат во видното поле на камерата. Модулот логички ги поврзува распознаетите регистарски броеви со запишаното видео, што дава можност за пребарување низ видео архива по зададен регистарски број на превозно средство. Системот обезбедува сигурно и прецизно распознавање на регистарски таблици од различни националности и во комбинација со соодветна IP камера претставува моќно средство за контрола на патниот сообраќај, контрола на пристап до зони со ограничување или оптимизирање на дејноста. Пример за тоа е можноста софтверот да известува со алармни настани при распознавање на претходно зададени броеви во список, овозможувајќи автоматизирана реакција – на пример отварање на рампа или порта. Управувањата и подесувањата на системот се целосно вградени и се составен дел во основниот интерфејс на Milestone XProtect софтверот. Распознаетите регистарски таблице се визуелизираат во реално време во стандардниот клиентски модул XProtect Smart Client во вид на список. При избор на број од списокот, автоматски се префрла во режим Playback, покажувајќи го видео записот со преминувањето на соодветниот автомобил. Достапни се исто така и полиња за пребарување на број, камера, држава, временски периоди, што овозможува брза и лесна идентификација на дадено превозно средство, како и моментот на неговото преминување.