Milestone XProtect™

Софтверска платформа за IP видео управување

Milestone XProtect™

Се чека испорака

Софтверска платформа за IP видео управување

Milestone XProtect™ е водечка софтверска платформа за IP видео управување. Таа функционира како јадро на систем за IP видеонадзр, што го врзува целиот хардвер, кој го имате избрано во едно оптимално интегрирано решение. Софтверот е достапен во пакети димензионирани според различните потреби на вашиот бизнис.

Сигурна и докажана технологија: Добро познатата и докажана технологија на Milestone ви дава можност да изградите сигурни и стабилни решенија за IP видеонадзор. Технологијата на Milestone е докажана во повеќе од 25000 клиентски инсталации, т.е. вие знаете дека можете да сметате на прецизност и одлични перформанси.

Со можност за задоволување на идните барања: Со зголемување на вашите побарувања за видеонадзор, се зголемуваат и решенијата на XProtect. Едноставно обновете ја верзијата во повисока верзија или додадете повеќе уреди и сервиси. Преместувањето, додавањето и промените се лесни. Исто така секогаш можете да ги искористите предностите на најновите технологии.

Независен хардвер: Софтверот на Milestone поддржува повеќе од 300 различни модели на камери, видео рекордери од над 35 производители. Оваа поддршка ви дава најголем избор на точни и соодветни уреди за секоја ситуација.

Отворена архитектура за интеграција: Отворената архитектура и добро документираниот Интерфејс на програмот (API) нуди можност за градење на најдобри решенија и интегрирање на истите со други системи. Таквата интероперативност има голем повраток на трошоците и ги намалува вкупните трошоци на поседување на софтверот.

Преглед од место и преку оддалечен пристап: Оддалечениот пристап на Milestone им дава можност за лесна контрола на менаџерите, обезбедувањето и администраторите. Со интуитивниот и лесен за работа интерфејс оддалечениот пристап обезбедува непречен преглед од место и незабавен пристап до снимените видео фајлови, со цел брзо пребарување, анализа и експортирање на доказниот видео материјал.