ERMO482XPRO

Надворешна микробранова бариера

ERMO482XPRO

Се чека испорака

Надворешна микробранова бариера

• ДИГИТАЛНА АНАЛИЗА СО КОРИСТЕЊЕ НА FUZZY LOGICFBM
ERMO482XPRO врши мониторинг на сигналот, споредувајќи го со моделите на поведение, преку користење на алгоритми, базирани на “fuzzy” logic (fuzzy модели на поведение – fbm), за да се реши/процени дали сигналот е создаден од реален нарушувач или некаков друг фактор. Димензиите, формата и брзината на промена на сигналот се мерат дополнително и се спредуваат со претходно зададени типични сигнали. Сензорот е во состојба да ги распознава нарушувачите – одење, трчање, ползење или тркалање. Секоја состојба, која генерира алармен сигнал или значителна промена во приеманиот сигнал се маркира со дата/час во RAM-меморијата и може да биде анализирана во реално време и/или покасно.

FUZZY СТРАНИЧНО РАЗГРАНИЧУВАЊЕ – F.S.T.D.
При поголем опсег (над 50м), користењето на параболична антена ќе даде многу почист сигнал, отколку уредите, кои користат елиптични/елипсовидни или планарни антени. Во конкретни ситуации, каде се јавува континуирана интерференција од страната на полето, како на пример загуби, движечки метални огради, вегетација или други големи паралелни странични движења кои влегуваат во полето на детекција, е можно искористување на FSTD функција во софтверот. Преку нијзиното користење е можно да се подеси чувствителноста единствено од страна на модел кој зрачи, или дури исклучување на целата анализа на сигналот од страните, кај кои се јавува навлегување. На таков начин, можеме да имаме зрак, кој физички е ист како нормалниот, да се појавува како елиптичен/елипсовиден, со различни форми во зависност од подесувањата на FSTD, така се подржува чистотата на сигналот, кое е предност на параболичната антена, во споредба со елиптичната/елипсовидната антена.

• ДИНАМИЧКИ ДИГИТАЛЕН ANTI-MASKING
16-те кварцно управувани канали на модулација, заедно со динамичка анализа на апсолутната вредност на приеманиот сигнал, детектирана за време на процесот на инсталација, го прави маскирањето (masking) невозможно и да биде возможна раната детекција на потенцијалните нарушувања во микробрановите компоненти.

• АВТОМАТСКО ПОДЕСУВАЊЕ ВО ЗАВИСНОСТ ОД ОКОЛИНАТА НА ОПКРУЖУВАЊЕ
Температурата континуирано се проверува за детектирање на можни повреди, како и мониторинг (промена на температурниот градиент за период од време) за компензирање на сигналните разлики, создадени од промените во околината на опкружување

ОТПОРНОС КОН ИНТЕРФЕРЕНЦИЈА
Работата на ERMO 482X PRO не се нарушува од интерференции од радарите на аеродромите или од опкружувања, каде има моќни воени радари. Реален доказ за тоа се многу инсталирани системи за периметарска заштита, кои користат CIAS микробранови бариери, на градски и воени аеродроми. ERMO 482X PRO работи во х- фреквентна лента, што дава подобрена периметарска заштита и помала загуба на просторот за пресечување и прескокнување на оние, кои користат К- фреквентна лента.

• ПАРАБОЛИЧНА АНТЕНА СО ЛИНЕАРНА ПОЛАРИЗАЦИЈА
Параболичната антена на бариерите од серијата ERMO користи линеарна поларизација, при што главата може да биде свртена на 90° , за да се избегнат изворите на интерференција. Дополнителна предност на линеарната поларизација е, дека приемниот сигнал е почист од тој кој се добива на приемната страна при кружна поларизација. Од своја страна кружната поларизација е добра за предавање на податоци на поголемо растојание, но не е толку добра/ефективна како линеарната, во однос на чистотата на сигналот при распознавање на нарушувач. Формите на сигналот се различни во зависност од FSTD подесувањето. Тоа ја подржува чистотата на сигналот и осигурува предност на параболичната антена, во однос на елиптичната/елипсовидната антена.

• Фреквенција X-band, сертифицирана во многу земји и во сооднос со стандардите на ЕС, САД и Канада
• Излезна моќност x-band, сертифицирана во многу земји и во сооднос со стандардите на Европа, САД и Канада
• Опсег 50, 80, 120, 200 m
• Димензии на детектираниот објект Опфаќа објекти со димензии на човек со среден раст за сите обиди за нарушување (40кг)
• Брзина на движење на детектираниот објект 0cm/sec – 15m/sec
• Веројатност на детекција 0.99 минимум, на база на односот s/n (сигнал/шум)
• Канали на модулација 16 кварцна контрола и управување
• Број на лажни аларми 1бр./на уред/годишно базирано на односот s/n
(сигнал/шум)
• Температура –35C° до +65C
• Алармни излези 3 релеа за аларма, грешка, тампер
• Напојување AC Vca 19Vca
• Напојување DC Vdc 13.8Vdc, 24 Vdc
• Консумација 120mA Tx+Rx
• Специјални апликации Можност за заштита од експлозии