32 ГОДИНИ СЕКТРОН ЗАЕДНО В СИГУРНОСТТА!

Профил на компанијата

Сектрон ДООЕЛ компанијата е регистрирана во август 2005

Сектрон ДООЕЛ компанијата е регистрирана во август 2005, во Скопје. Почнавме со идејата да понудиме безбедност на нашите клиенти, во согласност со нивните желби и побарувања. Во чекор сме со најновите технологии, кој се нудат како каj нас, така и во развиените земји во светот. Зголемениот број на нашите клиенти го потврдува квалитетот на производите и услугите кои ги нудиме со нив. Сектрон ДООЕЛ го зацврсти своето место како лидер во областа на продажбата, дизајнот, дистрибуцијата и имплементација на системите за безбедност.

Основана е како сестринска фирма на Sectron security &communications Ltd од Софија. Нудиме широк спектар на алармни системи, системи за видео надзор, детекција и дојава на пожар, контрола на пристап, комуникациски системи, хотелски системи за безбедност,полициска опрема, периметарска заштита и радио телекомуникација. Нашата комплетна услуга се состои од проектирање, продажба, инсталација/монтажа, поддршка и сервис на опремата. Сето ова го извршуваат високо квалификувани вработени во компанијата.

Структура на компанијата

Сектрон ДООЕЛ вработува 10 лица,од кој сите се специјализирани во својот домен на делување.
Оддел за видео надзор – нуди полна гама на техника за видео надзор, и ги следи најновите достигнувања, притоа користејќи најсовремена техника со прифатливи цени.

Оддел за алармни системи, детекција и дојава на пожар, хотелски системи за безбедност, полициска опрема, периметарска заштита и радио комуникација – современи, флексибилни и функционални системи за потребите на своите клиенти.

Продажба и Маркетинг – оддел одговорен за преставување на квалитетот и издржливоста на производите кои ги нудиме. Високо квалификуван тим на маркетинг менаџери ги покрива областите за продажба, on-site консултации, обработка на нарачки и користење на маркетинг стратегии за поставување на нови и усовршени производи. Нашите менаџери организираат семинари и земаат учество на презентации каде се демонстрираат нови производи и достигнувања во полето на сигурноста и комуникациите.
Проектантско биро – прецизна изработка на проекти врз основа на кои понатаму се врши инсталирање на безбедностите системи. Со графички имжињеринг понатаму се добива целосна слика за бараниот проект.

Монтажа и технички сервис – директна, брза испорака и поставување на бараната опрема. При вршењето на монтажата се води сметка целата процедура да биде остварена за предвидениот период, без предизвикување на штета и оставање на местото во истата состојба како и претходно. Поради постојаната потреба од патување опремата се доставува со возила на компанијата.

СТАНЕТЕ ЧАСТ ОТ НАС

КАРИЕРA

Вo поткрепа на својата бизнис стратегијата “Сектрон” ДООЕЛ, го следи

ритамот на брзо променливиот технички бизнис така што бара разновидност од таленти и идеи, за да ги постигне своите бизнис цели. Ние непрекинато настојуваме за развој на знаења и способности. Приложуваме, развиваме и споделуваме утврдени, добри и современи пракси, за да бидеме иноватори во управувањето со човечките ресурси во нашата компанија.