Twisted Pair Transmission

Пренос на видео сигналот по twisted pair (UTP) кабел

Twisted Pair Transmission

Се чека испорака

Пренос на видео сигналот по twisted pair (UTP) кабел

Пасивни предаватели
Пасивните видео предаватели се уреди, кои немаат потреба од дополнително напојување и пренесуваат аналоген видео сигнал по CAT 5 UTP кабел на растојанија до 400 м (колор сигнал) и до 600 м (црно-бел сигнал). Тие користат 1 пар twisted pair од стандардниот CAT 5 UTP кабел за пренос на 1 канал видео (респективно 1 камера). На таков начин 1 стандарден мрежен UTP кабел може да се користи за пренос на сигналот од 4 камери. Така видео предавателите го заменуваат традиционалниот пренос на видео сигналот по коаксијален кабел така што ги нудат следните предности:

o Брза и лесна инсталација, штедат на време и средства
o Значителна заштеда од цената на самите кабли
o Можност за пренос на видео сигналот на големи растојанија без загуба на квалитетот на пренос

• TTP111VLH – 1-каналски видео трансивер со повишена заштита од интерференција
• TTP414VH – 4-канален видео трансивер со повишена заштита од интерференција
• VKM01 – Модул за пренесување на сигналот од VGA монитор, маус и тастатура на растојание до 100 м. по 2 CAT5 UTP кабел, наместо традиционалните VGA кабели и кабели за маус и тастатура. Комплет приемник и предавател; Пренос на видео сигналот и податоците до 100 м.; Вграден Dip switch клуч за компатибилност со сите модели на монитори; Резолуција до 1280×1024 пиксела; Пасивен уред (без дополнително напојување); Одлично решение за РС дисплеи за демонстрационен приказ, изградба на видео-мониторинг центри и др.

Активни трансивери (предавател+приемник)
Активните видео трансивери се уреди со дополнително напојување, кои пренесуваа аналоген видео сигнал по CAT5 UTP кабел на растојанија до 1500 м (колор сигнал) и до 2400 м (црно-бел сигнал)

• TTA111VT+TTA111VR – активен предавател+приемник за пренос на 1 канал видео со twisted pair од CAT5 UTP кабел

Тристепено подесување на нивото на сигналот; Подесување за колор и јасност на приемникот; Вградена привремена заштита и заземјување

• TPA008 – 8-канален активен приемник за монтажа во 19’’ rack шкаф 1U
• TPA016 – 16-канален активен приемник за монтажа во 19’’ rack шкаф 1U
8/16 TTA111VR активни приемници, интегрирани во еден модул за монтажа во 19’’ rack шкаф 1U

Видео влезови: 8/16 (Terminal Block хаб); Видео излези: 8/16, 1Vp-p, 75 ohms BNC конектор; Волтажа на работа: 12 Vdc; Напојување: 400mA / 500mA; Кабел кој се препорачува: CAT 5 Cable 4 Pairs (24 AWG); Димензии Ш x В x Д mm: 482×170X44 (1U); Тежина: 2200 гр. / 2720 гр.; Метално куќиште во црна боја